Покрај резултатот од локалните избори има уште една суштинска причина зошто ние бараме предвремени избори, а тоа е двата столба на кои што се темелеше оваа Влада или ако сакате понудата на СДСМ и ДУИ, а сега им се приклучува и Алтернатива, во 2017-тата година кога ја формираа Владата за првпат беше интеграции во ЕУ и подобрување на економската состојба. Четири ипол години подоцна Македонија по кој знае кој пат за жал нема денес да добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ и Македонија е соочена со најголемата економска, здравствена и енергетска криза во нејзината историја. Факт е дека дел од причините за овие кризи не зависат од Македонија, но исто така е факт дека има држави кои што далеку подобро се справуваат од Македонија. Односно Македонија не е ни на средина по справување, туку по сите релевантни мерења на меѓународни организации и релевантни за на пример здравство, или за економија, или сега за енергетика Македонија е на дното во справување – истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Студио 10“ на 24 телевизија.
Николоски додаде дека не е проблем толку оваа Влада да продолжи уште две или две и пол години колку што е проблем дека немаат капацитет да се справат со проблемите и дека последиците кои што ќе ги остават ќе бидат толку далекусежни и толку големи поради кои што ќе требаат години да се надминуваат.
Ние велиме дај да го пресечеме тоа, да излеземе на избори и да дојде компетентен тим кој што ќе може да се справи со овие предизвици. Јас се надевам дека новиот претседател на СДСМ ќе има разбирање и дека ќе ја повика неговата пратеничка група да гласа во Собранието за предвремени парламентарни избори – укажа Николоски.
Николоски додаде дека поради неспособноста на СДСМ граѓаните се соочуваат со енергетска криза.
Comments are closed for this post.