Амбасадата на САД во Скопје на Фејбук ѝ се извинува на македонската јавност за пропустот со изведувањето на химната на Македонија, откако Тамара Тодевска не ги испеа стиховите во кои се споменуваат Гоце Делчев и другите национални херои.
САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за славењето на нашата независност со нас минатата ноќ. Ние разбираме дека грешките може ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, гласи соопштението на американската амбасада.
Comments are closed for this post.