Немаше никаква потреба од притвор за Ламбе Алабаковски, откако тој ја призна вината, а сите негови животни планови, како што е враќањето на музичката сцена во Македонија и неговиот општествен статус, не навестуваат дека тој би се дал во бегство, вели за Алфа адвокатот на Алабаковски, Драган Георгиев. Порачува дека притворот не е казна, туку мерка за обезбедување присуство, а такви имало уште многу кои можеле да му бидат определени на Алабаковски, за кривичното дело кое му се става на товар.
Оформено семејство, татко на две малолетни деца досега во својот живот нема никаков прекршок, а камоли кривично дело, што говори дека тој не е криминогена личност. Говори дека можеби во еден на момент на фрустрирање, лично погоден од она што се случува со Македонија воопшто. Ако сакал да избега, ќе избегал веднаш и нема да признае вина – изјави Георгиев за Алфа.
Георгиев се сомнева и во политичка позадина на определениот притвор за Ламбе, но вели не на никакви партиски игри, туку поради општата состојба во државата поради спорот со Бугарија.
Видете вака дека јавноста, воопшто она што се случува, не би кажал политика како политика ради некоја партија. Поради она што се случува со Бугарија сигурно дека има голем допринос и тоа, изјави Георгиев.
Адвокатот на популарниот пејач вели не го оправдува овој потег, но вели дека мора да се земе во предвид целата ситуација во Македонија поради преговорите и блокадите од Бугарија, како и фактот член на неговото семејство бил убиен токму од Бугарите.
Неговиот дедо е стрелан од Бугарите, а тој се враќа во Македонија и се отвора културен клуб на еден од најголемите злосторници за македонскиот народ, кој што до пред да умре во Рим не го признаваше македонскиот народ, фрустриран меѓутоа наведнат до доле што би се рекло, очигледно има човекот кичма. Не го оправдувам, ниту тој самиот се оправдува за тоа што го сторил, меѓутоа тоа било негов знак на револт – вели Георгиев.
Георгиев вели дека за кривичното дело предизвикување општа опасност, за кое обвинет Алабаковски, кога ќе се земат сите околности, како и дека нема голема материјална штета, ниту човечки жртви, казната на крајот може да не биде ниту затворска, иако Ламбе најмалку осум дена ќе ги помине во затворски притвор.
Comments are closed for this post.