Официјален Пекинг авансот за кој што беше уплатен од страна на македонските власти го вратил бидејќи набавката не вакцините требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, пишува италијанскиот весник „Ла Верита“.
Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на „Ла Верита“, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот, пишува весникот.
До поништување на процесурата за набавката на кинески вакцини дошло откако првичните анализи покажале дека фирмата нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, а била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг.
Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Deutsche Bank, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата. На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим, пишува во текстот на весникот, пишува „Ла Верита“.
За потсетување, според официјалните изјави на премиерот Заев и Министерството за здравство причина за враќање на авансот за кинеските вакцини е поради усогласување на документацијата.
Comments are closed for this post.