Во Советот на јавни обвинители не е пристигнат ниту имаат сигнали дека ќе пристигне допис за активирање на условната оставка од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што, како што објавија, некои медиуми вчера го доставила од затворот Скопје, каде е во притвор за предметот „Рекет“.
Се уште не е пристигнат допис. Доколку пристигне јавноста ќе биде известена, информира за МИА Ацо Колевски претседател на Советот на јавни обвинители.
Оставката според инормациите напишана рачно, доаѓа во ист ден кога Комисијата за избори и именување донесе едногласна одлука на Собранието да му препорача разрешување на Јанева.
Таа на денот на апсењето на Боки13 поднесе условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом се избере нејзин заменик.
Comments are closed for this post.