Еден човек го загуби животот, еден е тешко, а тројца полесно се повредени поради неисправни сопирачки на комбето во коешто се превезувале. Таков е заклучокот Основнот јавно обвинителство по извршениот увид.
Сите петмина биле вработени во јавното претпријатие „Јасен“, коишто се возеле во службено комбе во резерватот Јасен., кога се случила незгодата со возилото.
Како што информираат од ОЈО, по извршениот увид ќе се прави обдукција на телото на починатиот работник, како и вештачење на возилото во кое се превезувале работниците. Ќе се проверува и сервисната историја, како и претходното одржување на возилото.
Comments are closed for this post.