Моника Наумовска, соппруга на еден од патниците во автобусот со објава на Фејсбук им се заблагодарува на двајцата мештани кои први помогнале да бидат извлечени луѓето од згмечениот автобус.

Според неа, Неџат Амети и Рами Пајазити се вистински херои кои го спасиле и нејзиниот сопруг со тоа што скокнале од патот за да им пријдат на патниците. Еден од нив и си ја скршил раката но продолжил со спасување.

 

Тука во чекалната од утринава рано чекаа и уште тројца – мајка, татко и сестра. Ги прашав за кого чекаат, како е повредениот. Таткото ми реќе „Синот се оперира беше повреден зошто скокна од патот за да им помогне на повредените. Не можеше да претпостави во мракот дека е високо 4-5 метра. Ја скрши раката, но сепак помагаше и ги вадеше настраданите заедно со мене.Им покажав слика од маж ми и рече „Да, него го извадивме меѓу првите. Сте имале голема среќа“.Благодарна сум му на Господ што го сочува маж ми, но и на овие за мене големи луѓе и херои Неџат Амети и Рами Пајазити. Се молам на Господ со лесно да помине операцијата.Благодарна сум им и на сите што помогнале не штедејќи се себеси.Ви благодарам и на Вас мои драги сограѓани, роднини, колеги, другари, пријатели, што се јавувате, цело време ме поддржувате, храбрите, нудите помош и во ниту еден момент не ме оставивте сама во овие тешки моменти.Искрено сочувство до семејствата на сите настрадани и повредени.Колку сме ние луѓето мали, беззначајни и немоќни..“-напиша таа.