И утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи, засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови.
Како што информира УХМР, кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег. Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време.
Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.
Температурите до крајот на неделата ќе се движат од минус два до десет во утринските часови, а максималните во текот на деновите ќе бидат од 10 до 26 степени
Comments are closed for this post.