Алијансата за Албанците стана старо-нов член на Владата. Од првиот влез во Владата во 2017 година сменети се премиерите на Владата но и првите луѓе на партијата. Друго е се исто.
Заедничко е тоа што новиот претседател на партијата Арбен Таравари замижа на сето она што му го правеа додека беше министер за здравство и кога СДСМ буквално го принуди да си замине од функцијата, иако беше еден од подобрите министтри.
По заминувањето од функцијата, Таравари од позиција на градоначалник на Гостивар но и како лидер на партијата ги ословуваше со секакви епитети сега веќе новите коалициски партнери.
Легендарна е онаа негова изјава дека со СДСМ и ДУИ нема реформи и како со криминалци да се бориш против криминалот.
Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот-говореше Таравари.
Таравари исто така говреше дека не е резервна гума на ДУИ и оти остануваат конструктивна опозиција. Спин на ДУИ било дека ќе влезат во власта.
Ние не сме резервна гума на ДУИ, тоа сигурно тврдам најодговорно, некој е во владата таму гума-изјави новиот коалциски партнер на партијата од Мала Речица.
Најконтрадикторна е изјавата на Таравари дека на следните избори ќе го победат ДУИ во цела држава и оти во тоа е убеден.
Го прашуваме новиот член на Владата на Ахмети: Зошто на изборите гласачите Албанци би гласале за Алијанса а не за ДУИ кога двете партии се сега во коалиција и кога Таравари поплука се што говореше за старо-новите партнери?
Comments are closed for this post.