Директорот на управата за извршување на санкции Александар Пандов за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој иако треба да биде во затвор не е, рече дека од Судот добил условен прекин поради здравствени причини.
-Проверив за него. Тој има добиено условен прекин, до кога не знам, но тоа судот му има одредено поради здравствени причини. Тоа не е прекин кој што го дава Управата туку Судот и има овластување Судот тоа да го направи, рече Пандов.
Comments are closed for this post.