Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата 8 ми септември каде може да бидат хоспитализирани болните од ковид 19.
Исто така во план е и во Болницата во Козле да се прошират капацитетите и да се отвори нова лабораторија. Утринава се состана кризниот штаб. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели:
„Имавме седница на главниот кризен штаб и сѐ уште немаме нови препораки кои подразбираат порадикални мерки. Но ништо не се исклучува рапидниот број на заразени може да го промени тоа во следните денови.
Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.
Comments are closed for this post.