На ул. „Љуботенска‘‘ во Тетово вчера во 20 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.И.(39) од тетовското село Мала Речица.
Тој бил баран од Казнено-поправната установа „Идризово“ за доиздржување казна затвор во траење од три години и осум месеци. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Идризово“.
Comments are closed for this post.