Не се мешаме во конфузијата во СДСМ, не е наш проблем околу дилемите дали од СДСМ протекуваат документи. Тоа е проблем на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ, кој наместо да си ја врши пред се државната работа шеташе за Дубаи, исто како и Рашкоски кој беше во Мексико, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Проблем е што СДС го девалвираше процесот на вакцинација. Од СДСМ во изминатиов период видовме и слушнавме многу. Видовме како секретар на болница, кој е правник во институција, се вакцинира преку ред, а како доктори заради тоа одат со соседни држави да примат вакцина. СДСМ функционира по принципот прво партијата, па државата и тоа неколку пати до сега сме го виделе на дело, велат од партијата.
Comments are closed for this post.