На 19-ти декември Нано Ружин и Сефер Цаноски заминуваат во Атина, каде што ќе се сретнат со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, за официјално да му ја соопштат иницијативата за Нобеловата награда за која е предложен со неговиот македонски колега Зоран Заев
Церемонијата за номинација за Нобеловата награда за мир 2019 ќе се одржи на Универзитет ФОН, каде во март годинава Бушамауи ја доби титулата почесен професор.
Договорот од Преспа, во кој потписниците и медијаторите вложија огромна енергија, го гледам како исклучително значаен процес кој заслужува да биде номиниран за Нобеловата награда за мир. И Генералниот секретар на ОН Гутереш, деновиве повторно го истакна тој Договор како пример кој може да биде модел за решавање на проблемите во светот, вели Бушамауи.
На денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, Бушамауи изрази поддршка за мирот, стабилноста и безбедноста и ги поздрави напорите на двете страни за избегнување на конфликти и за изнаоѓање мирно решение на отворените прашања, покажувајќи на тој начин дека проблемите можат да се решаваат преку дијалог.
Ја потенцираше и важноста двата парламента да ги завршат започнатите активности, бидејќи овој модел е високо ценет од меѓународната заедница и истиот треба да служи како инспиративна лекција за целиот регион.
На церемонијата во ФОН ќе присуствува европратеникот Стелиос Колуглу од редовите на грчката партија Сириза, кој дава поддршка за оваа номинација.
Тој во интервјуто за МИА во ноември годинава рече дека на Договорот што го постигнаа Заев и Ципрас му е потребно меѓународно признание и оти заслужува Нобелова награда за мир.
Овој договор заслужува Нобелова награда за мир. Ако зборувате со кого било во Европарлментот, од левицата или од десницата ќе ви го кажат истото. Дека е фундаментален договор за стабилноста и мирот на Западен Балкан и многу ќе придонесе за стабилноста на цела Европа. И не само тоа, туку е и модел за решавање спорови што може да биде репродуциран во други конфликти, рече Кулоглу за МИА.
Comments are closed for this post.