Додека сите се занимаваа со референдумот

Намалена казната за градоначалникот од СДСМ кој шверцуваше цигари

Освен на градоначалникот на Ново Село намалени се и казните на неговиот син и внук

02.10.2018 / 10:26


Апелација ја прифатила жалбата на одбраната на Стојчев на висината на казната со која беше осуден од првостепениот суд на 1,5 година затвор.

Освен на градоначалникот на Ново Село намалени се и казните на неговиот син и внук од една година на три месеци затвор, а на петтообвинетиот, исто така, му е намалена казната од  9 на 3 месеци затвор.

Казната, пак, на сопругата на Стојчев, која беше осудена на една година условно доколку не го повтори делото во наредните две години, остана иста.

На пресудата на Основниот суд во Струмица и висината на казните се жалеше и Јавното обвинителство, но неговата жалба Апелацискиот суд во Штип ја одбил.

На 10 јули годинава градоначалникот на Ново Село, заедно со уште четири лица, беше фатен при обид за шверц на цигари во близина на македонско-бугарската граница. При тоа беа запленети околу 3.300 штеки цигари во вредност од над три милиони денари


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Градоначалникот на Кочани Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната

пред 12 часа
Македонија

Српскиот пасош станува се поактрактивен за Македонците (ВИДЕО)

пред 21 час
Македонија

Коалицијата ССМ,СДСМ и Левица на протест (ФОТО)

пред 1 ден
Македонија

Силјановска Давкова: Ништо не може да ја намали болката на семејствата што ги загубија своите најмили

пред 1 ден
Македонија

Со партиски обележја на СДСМ на протест на ССМ

пред 2 дена
Македонија

Шарените мршојадци намирисаа нов плен (ВИДЕО)

пред 2 дена
Македонија

Вереницата на Лука Дончиќ не сакала да живее во Лос Анџелес, затоа го оставила

пред 2 дена
Македонија

Салата во Градски парк официјално преименувана во „Лазар Лечиќ“

пред 2 дена
Македонија

Само 9,6 од македонските граѓани користат јавен превоз

пред 2 дена
Македонија

Вака изгледа Дојранското езеро од другата страна

пред 2 дена