Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук излезе со коментар за скандалот со пратеникот Павле Богоевски. Нејзината објава ја пренесуваме во целост.
Jас мислам дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци.
Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања.
Јас лично сум за леализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни сусптанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави.
Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција.
Навистина ми е преку глава од “народни претставници“ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака.
Comments are closed for this post.