Во тридневна официјална посета на Македонија од денеска претстојува висока делегација на вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од началникот на генералштабот на хрватската војска, генерал Мирко Шундов.

Генералот Шундов во Министерството за одбрана и Генералштабот е на средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во текот на денот, како што најавија од МО, генералот Шундов ќе биде примен и од претседателот, Стево Пендаровски.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии за поддршка на мирот .

Делегацијата на ВС на Република Хрватска, се очекува да посети и дел од командите и единиците на Армијата, каде ќе се запознае со нивната мисијата, задачи и обука.