Здравството се мобилизира. На сите вработени во овој сектор им се забранува користење на годишен одмор, платени и неплатени отсуства. Ваква наредба е испратена до сите здравствени установи откако одлуката на Владата беше објавена во Службен весник, објави „Сител“.
Според информации на телевизијата Сител на некои медицински лица од Клинички им било кажано дека не можат да користат ниту боледувања, ниту слободни денови за приватни обврски, а дополнително по потреба ќе им биле зголемени часовите за дежурства.
Со владина одлука се стотираат и специјализациите и субспецијализациите на сите вработени во Здравствен дом Скопје и истите да се вратат на своите работни места. По реакцијата на околу 250 приватни специјализанти дека немаат здравствено осигурување, а треба да лекуваат ковид пациенти министерот за здравство изјави дека ќе иницирале законски измени за да се реши овој проблем.
Comments are closed for this post.