На инфективните одделенија во Македонија од коронавирус се лекуваат 170 пациенти, вкупниот број во цела држава е 298 лица

26.05.2021 / 13:32


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 170 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 6 пациенти, во Велес се лекуваат 16 болни, а во Куманово 32 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 15, во ковид центарот во Гостивар 2, а во Струга 9 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 4 во Кичево 7, Кавадарци 4, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 298 и има околу 570 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Д-р Кедев: Со искачувањето на 14-те врвови над 8.000 метри го затворив тој животен круг, но во животот никогаш не вели никогаш

пред 3 часа
Македонија

Мицкоски со порака од Тирана: Европа ја градиме дома, време е ЕУ да ги исполни своите ветувања

пред 1 ден
Македонија

Поведена е постапка: Дали Уставниот суд ќе го укине линерарното зголемување на пензиите?

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски за случајот „Кочани“: Исклучувам секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот

пред 2 дена
Македонија

Д-р Кедев: Во животот може да растеме ако излеземе од зоната на комфорот и ако прифаќаме ризици

пред 2 дена
Македонија

СДСМ-партијата од јахтата

пред 2 дена
Македонија

TВ Колумна „5 минути со Чавез“: Корупцијата го уби Кочани, правдата за жртвите може да го крене

пред 3 дена
Македонија

Мицкоски бара смена на јавниот обвинител Коцевски

пред 4 дена
извештај на Европската комисија за ефикасност на правдата

Во Македонија има многу обвинители а малку правда

пред 4 дена
Македонија

Премиерот Мицкоски со градоначалникот Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на Скопје

пред 6 дена