– Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија.

Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“.

-Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги вреднуваме силните билатерални односи градени со години, и со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности, напиша Муцунски на „Икс“