Лидерите на Западниот Балкан и ЕУ се сложија дека иднината на регионот е во Унијата. На состанокот во Брисел присуствуваа сите лидери од Западниот Балкан меѓу кои и македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

По завршувањето на состанокот, првите луѓе на Унијата претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија Урсула фон Дер Лајен продефилираа на црвениот тепих. Фон дер Лајен ја предводеше групата на чело со премиерот Мицкоски со кој имаа пријатен разговор, додека останатите лидери одеа позади нив.







Comments are closed for this post.