Од Министерството за здравство реагираат на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ дека во ек на епидемија на морбили министерот Филипче ги измами граѓаните и ја злоупотреби својата внука за политичка измама.Од таму побараа одговорност .
„Министерството за здравство најостро ги демантира невистините на ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да лажат и да ја злоупотребуваат јавноста. Нема да дозволиме со лаги да ја манипулираат јавноста и со тоа да го нарушуваат јавното здравство. Внуката на министерот Филипче е вакцинирана во амбулантата Идадија -МлинБалкан со вакцина ДиТеПер, онаа која и следуваше согласно вакциналниот календар. Објавата од вакцинацијата на неговата внука е само личен пример со кои ги охрабруваме граѓаните да не се плашат од вакцинација и да докажеме дека вакцините за сите деца се безбедни“, стои во реакцијата од Министерството за здравство.
Од таму ги повикуваат сите родителите чии деца не се вакцинирани да ги вакцинираат.
„Вакцините се комплетно безбедни, со проверен рок и од европски производител. Вакцинацијата е придобивка на современата медицина. Нашата одговорност се граѓаните и секојдневно се грижиме за нив“, се додаваа во писмената реакција.
Comments are closed for this post.