МВР ја потврди информацијата за приведувањето на Maја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо.Отаму велат дека таа и уште две лица го нарушиле јавниот ред и мир.
Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – се вели во официјалното соопштение на МВР.
Comments are closed for this post.