Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе известување против М.К. (38) од Р. Хрватска, поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 13-ти минатиот месец во Полициско одделение Групчин, А.Г. (34) од село Стримница, тетовско, управител во фирма од село Стримница, пријавил дека откако претходно остварил телефонски контакт со непознато лице, кое се претставило како сопственик на фирма во Милано, Италија, во врска со набавка на работни машини, на 26-ти минатиот месец, пријавениот испратил негов претставник во Италија, каде на истиот му биле покажани работните машини, при што претставникот дал 8.000 евра како капар на лице кое при тоа приложило фотокопија од лична карта на име М.К. (38) од Р. Хрватска, по што откако пријавителот во два наврати уплатил дополнителни 32.000 евра на фирмата во Италија лицето со кое претходно контактирале ги прекинало сите контакти.
Comments are closed for this post.