Јавното обвинителство поднесе обвинителен предлог против актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајлоски за сторено кривично дело, загрозување на сигурноста поради смртните закани на социјалните мрежи за новинар Бранко Тричковски.
Обвинетиот според обвинителниот предлог се товари за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.4 од Кривичниот законик.
Обвинетиот се товари дека на 16.06.2017 година, по пат на информатички систем, се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од пет години или потешка казна. Заканите биле објавени во форма на коментар на неговиот профил на една социјална мрежа и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот, соопшти ОЈО Скопје.
Comments are closed for this post.