Надзорник во Казнено поправен дом Штип од осудено лице побарал 150 евра за да внесе приватен мобилен телефон. Ова надзорникот го сторил иако од страна на директорот на Казнено поправниот дом Штип имало наредба со која строго се забранува внесување и користење на мобилни телефони од страна на осудени лица.
Осуденото лице пријавило кај директорот дека Б.Б. секојдневно вршел притисоци врз него за да му носи разни производи и да му дава парични средства, по што случајот е пријавен во МВР. Вчера пријавениот примил 150 евра од осуденото лице, банкноти кои претходно биле крим технички обработени, по што веднаш е лишен од слобода. Судија на претходна постапка на Б.Б. му изрекол мерка притвор од 30 дена. Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “Примање поткуп” казниво по член 357 став 1 од КЗ на РМ, велат од МВР.
Comments are closed for this post.