Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов во интервју за МИА истакнува дека граѓанската асоцијација ќе го набљудува гласањето со околу 1.500 набљудувачи со што ќе бидат покриени околу 33 отсто од гласачките места во Република Македонија, како и 33 отсто на ниво на секоја општина.
– Дополнително, во секоја општина ќе имаме мобилни набљудувачи кои ќе ја набљудуваат атмосферата надвор од гласачките места. Ќе бидат распоредени набљудувачи и во сите 80 општински изборни комисии, како и во Државната изборна комисија, вели Алексов.
Извршниот директор на МОСТ потенцира дека никој не смее да го повредува правото на глас и да врши притисок граѓаните да не излезат да гласаат.
Comments are closed for this post.