Министерството за образование и наука информира дека денеска е објавен конкурсот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ во 2021 година.
Оваа државна награда не се додели во 2019, 2019 и во 2020 година. Последни добитници на оваа висока награда од областа на науката се Славчо Ковилоски, Енис Рафет Јакупи, Дончо Донев во 2017 година.
Со наградата, соопштува Министерството за образование и наука, која се доделува за научна книга или дело објавено во 2020 година, се оддава општествено признание за особено значајно остварување од интерес на Република Македонија во областа на науката.
Право на конкурирање има автор или група автори на дела што се одделно објавени, рецензирани и каталогизирани. За датум на објавување се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата (ЦИП). Право на конкурирање немаат остварувања објавени во стручни и научни списанија со импакт фактор, како и поглавја или делови од книги.
Предлози за доделување на наградата и примероци од научните остварувања можат да поднесат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Истите се доставуваат до Министерството за образование и наука – Одбор за доделување на наградата „Гоце Делчев”, бул.„Св. Kирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, заклучно со 15.2.2021 година, информира МОН.
Доделувањето на наградата „Гоце Делчев“ вообичаено се организира на 4 мај.
Comments are closed for this post.