Претседателот Стево Пендаровски за „ТВ 24“ откри досега непознати моменти за преговорите за промена на името и уставните измени кои следеа. Шефот на државата обзнани дека осумината пратеници пред гласањето имале долг разговор со тогашниот американски амбасадор Џес Бејли.
Осумтемина од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа тогаш кога требаше да се отвора Уставот имаа прилично долг состанок во хотел Мериот со американскиот амбасадор. Прилично долг, неколку часови, во кој тој ги убедуваше, не им се закануваше зошто тоа би требало да го направат. Сега тоа не може да се замисли да се случува – откри Пендаровски.
Comments are closed for this post.