Поради денешната забуна за станицата во Ѓорче Петров, појаснување на изворот на податоци во МојВоздух:

МојВоздух има (засега) 2 извори на податоци:
1) Мерните станици под Министерство за животна средина и просторно планирање
2) Мерните станици од проектот Skopje Pulse под Netcetera Macedonia

Првите се дел од државната мрежа, и нивните податоци се официјално користени од институциите, ЕУ, како и другите апликации за загадување.

Вторите се дел од волонтерска мрежа, поставени и управувани од волонтери. Тие се стремат да ја зголемат покриеноста на мерењата во рамките на Скопје, како и да мерат дополнителни податоци (пример бука).

Начинот како може да ги разликувате едните од другите е по нивното име. Станиците што се дел од волонтерската Skopje Pulse мрежа, во името содржат “(Pulse)” (пример е станицата во Ѓорче Петров). Останатите што немаат таков дел во името, се во склоп на државната мрежа под министерството.

Откако се појавија податоците за енормна загаденост во скопската општина Ѓоре Петров. министреството за животна средина ги демантираше информациите со образложение дека во оваа општина воопшто и нема поставено мерна станица.