Во рамките на проектот „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“ – Еразмус+ КА229, во периодот од 11-15 април 2022 година, училиштето ООУ „Лазо Ангеловски“ во Скопје, ќе биде домаќин на втората ученичка размена на која ќе учествуваат ученици и наставници од партнер-училиштата од Хрватска, Србија и Романија. Темата на оваа размена е „Моќта на медиумите“, а преку планираните активности ќе бидат опфатени следните аспекти: одговорност на новинарот наспрема одговорност на читателот, влијание на медиумите врз општеството и социјалниот живот и контрола на информациите.
Проектот започна да се реализира од септември 2019 година и ќе трае до август 2022 година. Досега оствари бројни активности чија цел е развој на медиумската писменост и дигиталните вештини и знаеања, како креирање на дигитален училишен весник од самите ученици членови на медиумската група од училиштето (https://lainformator.wordpress.com/home/), веб страница на проектот, организација на работилници и дискусии за младите и медиумите и многу други активности за развој на дигитални медиуми и апликации.
Координатор е училиштето: „Свети Петар“ од Ореховец, Хрватска, а партнери во овој проект покрај ООУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата „Scoala Gimnaziala Nr. 5“ од Александрија, Романија и „Dositej Obradovic“ од Чичевац, Србија.
Сите реализирани активности се достапни на училишната веб страница на следниот линк.
Комерцијален текст
Comments are closed for this post.