Сите досега повикани во Анкетната комисија за случајот „Онкологија“ дадоа изјави во насока на расчистување на овој случај, освен еден, а тоа е поранешниот министер Венко Филипче кој е актуелен министер токму во периодот кога настанува набавката и извештајот за биолошката терапија на Онкологија, објаснува претседателката Рашела Мизрахи за „Република“
Неговите одговори беа воглавно сумирани во една реченица, не се сеќавам или не знам-вели Мизрахи во интервјуто за „Република“. Во спектрумот на политичка одоговорност министерот бил должен да знае. Директорот на Фондот бил должен да знае.Дека има политичка одговорност ќе се види понатаму со заклучоците.Многу е интересно како е можно министерот што е назначен од Влада и директор на ФЗОМ двајцата да знаат различни аспекти или ништо да не знаат истовремено а на Онкологија да биде санкционирана секоја процедура што е законски или подзаконски пропишана-објаснува Мизрахи.
Пратеничката детално објасни што се случувало на Клиниката за Онкологија.
Во Клиниката има раководители на сектори кои би требало да го сочинуваат стручниот колегиум кој одлучува за кој пациент која терапија и во која количина.Тој список се носи до директорот кој преговара со Министерството за здравство кое треба да даде согасност за набавка на тие медикаменти меѓутоа и ФЗОМ кој што треба да даде согласност од финансиски аспект.Без двете согласности Клиниката не може да направи набавка на медикаменти.Големото прашање е како директорот одлучил кои медикаменти и во кои колични и јачини доколку немало стручен колегиум.Има многу дописи до Министерство за здравство за набавка на биолошка терапија почнувајќи со седум медикаменти завршувајќи со 31 медикамент, секој список различен од претходниот, со различни медикаменти, различни количини и јачини.Симптоматично е што и бројот на пациенти кој што е листиран сериозно флуктуира во разлика од само 20 дена.Бројот на листирани пациенти на почетокот на мај месец е четири а на крајот 35. Ова е еден апсолутен хаос.Во август 2018 стига еден допис до Клинката од Министерството под назив НАРЕДБА од министерот Венко Филипче.Во неа се наредува на Клиниката да го отстапи основниот буџет и да потпише договор со Министерството за набавка на биолошка терапија.Во ред е министерството да прави групни набавки за да ја намали цената на скапата терапија.Не е во ред што во таа наредба има табела на медикаменти кои што се наредени да се набавуваат од Клиниката.Како еден министер би знаел со што треба да лечи одредена клиника.Дури и да беше онколог ќе беше дискутабилно а не неврохирург кој одлучува со што ќе терапира Онкологија.Тоа е многу симптоматично.Од секторот за јавни набавки беше повикана како сведок Тања Пехчевска на која и беше упатено ова прашање како се формулира листата за групна набавка и како одлучиле за тие медикаменти но таа не можеше да се сети како е подготвана тендерската постапка.Агрегирањето на долгот на Клинката настанува веднаш во првата година.До долгот на клиниката се дошло со непланско работење.
На прашањето дали сево ова и наликува на злосторничко здружување Мизрахи вели.
Лично како човек , не како претседател на анкетната комисија ова не изгледа на добро.
Таа е децидна дека не може да се изземе од вина или од одговорност поранешниот министер Филипче.
Министрите мора да имаат контрола над ресорот кој го водат.Ние досега не видовме по документација ништо освен централизирано одлучување. И за одлучувањето на таа биолошка терапија кој ќе ја добие а кој не ја добива било централизирано и целосно зависно од потписот на директорот.Значи не лекарот кој ве лекува туку директорот дава амин дали некој пациент ќе добие или нема да добие терапија. Филипче бил должен да знае.По закон тој е должен да знае што се случува со јавните здравствени установи.Во најмала рака би било апсурдно да не знае што станува во терциерното здравство.Тој даде еден збир на конфузни одговори дури и за набавката на КАТО системот-наведува Мизрахи .
Мизрахи ја објасни процедурата по завршувањето на работата на Анкетната комисија.
На крајот се изготвуваат заклучоци.Во овој случај се прекршени сите законски решенија..Нема ни еден закон кој не бил осакатен.Буквално се случувал незаконски башибозук.Сѐ е вон закон.Ќе бараме и политичка одговорност која ќе биде во прва и во втора линија.Заклучоците се проследуваат до Собранието а ќе одлучиме дали ќе бидат проследени и до Обвинителството. Се надевам дека ќе стигнеме до вистината каква и да е-одлучна е пратеничката.
Comments are closed for this post.