Премиерот Мицкоски коментирајќи ги најавите дека од есен ќе има апсења побара од граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи како што рече не сака да прават естрада од сето тоа како во минатото и да има упади во домови, камери и слично.
Тоа нема да се случува. Не треба да правиме естрада..Не е ништо посебно ако државата го споредува редот и законите бидејќи ние немаме втора опција.Не сме во договор со криминалците како што тоа го правеа некои минати влади, сакаме да расчистиме со нив без разлика дали се на улиците, во политиката. Мораме да имаме владеење на правната држава ако сакаме да одиме напред.Ако сакаме да не биде како држава, мора се расчисти.Не должиме никому како генерација политичари, немаме концесија кон никого и ова е тоа што мораме да го направиме-изјави Мицкоски за ТВ Алфа.
Comments are closed for this post.