Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за „Република“ го коментираше извештајот на ЕК.Според него, Извештајот никогаш не бил полош и оти ја отсликува реалноста.
Нема како тоа да не биде отсликано во ваков извештај за уназадување на Македонија а не за напредокот и колку побргу се случат парламентарни толку побргу Македонија ќе трне и ќе зачекори по оние патеки по кои сите ние очекуваме дека ќе чекори.Имаме рекордно ниска недоверба во партизираното обвинителство и судство.Недовребата во правдата е основа на извештајот.Не гледам никаква визија и персектива што ја нуди оваа влада на СДСМ и ДУИ..
Мицкоски има коментар за т.н европски фронт.
Тоа го користеа како п.р трик мислејќи дека на тој начин ќе заведат дел од граѓаните и ќе добијат некаква милост од страна на меѓународната заедница.Од една страна потпишуваа договори кои не се во можност да ги испорачаат бидејќи се понижувачки, а од друга страна додека тоа го правеа со едната рака со другата крадеа.Тие се водеа од максимата дека тоа што тие и го прават на Македонија и на граѓаните е внатрешен проблем а дека меѓународната заедница тоа не ја интересира толку колку што ја интересира тоа што го потишуваат.Има простор за уште поголема критика посебно во делот на злоупотреба на европското знаменце каде што на еден брутален начин се избегнуваат процедурите во Парламентот како со измените во Кривичниот законик со кој се обидуваат да се амнестираат-анализира Мицкоски
Comments are closed for this post.