Христијан Мицкоски нема дилеми дека отворањето на музејот на УЧК е обид на ДУИ за реминисенција на национал романтичарски теми за прикривање на криминалот.
Враќањето и реминисенција на национал романтични идеји од некои минати времиња за ДУИ се секогаш можност да се обидат да го дефокусираат јавното мислење од реалните теми и проблеми.Кога знаете дека Гостивар, Кичево, Струга,Чаир, се празнат и луѓето се иселуваат и кога гледате дека неколкумина од вршушката од ДУИ стануваат милионери и сопственици на милионски имоти, располгаат со многу моќ и финансии тогаш за тоа го одбегнат единствената работа која што ја прават враќање на некои национал романтични времиња и на тој начин се обидуваат ВМРО-ДПМНЕ но и другите албански политички субјекти да ги навлечат на терен на кој тие се највешти.Но, мислам дека македонската јавност и партиите се свесни за оваа груба манипулација и тоа не фати корен и таа биста ја снема.Но, тие нема да престанат.Секој таков скандал значи дека се случува нов грабеж и неколку нови автобуси полни со млади луѓе кои се иселуваат-објасни Мицкоски во интервјуто за „Република“
Comments are closed for this post.