Премиерот Христијан Мицкоски со највисоки почести е пречекан во Унгарија.Тој во друштво на сопругата пристигна во Будимшешта.

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Република Унгарија.

Како што соопшти владината прес-служба, согласно агендата предвидени се тет-а-тет средба меѓу Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во рамки на владиниот самит предвидено е да се одржат и билатерални средби меѓу ресорните министри на двете влади, по што ќе следи и заедничка седница на двете влади.