Четири недели Ковачевски имаше можност да избере меѓу двете наши понуди, но од денеска тие веќе не важат и има само една опција – предвремени парламентарни избори, соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во вечерашното интервју на Канал 5, тој рече дека не само што власта и опозицијата не преговараат, туку и се многу далеку од преговори.

Нашата позиција е јасна, ние играме со отворен гард. Двете опции што ги понудив на лидерската средба беа на маса до овој монент, но се уште не слушнав од Ковачевски која опција ја прифаќа, првата или втората. Од денеска има само една опција на маса – предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

Според него, можно е сценарио ВМРО-ДПМНЕ да има 61 пратеник, а последната опција е коалиција со ДУИ, особено со актуелното раководство на оваа партија.

ВМРО-ДПМНЕ има јасен став дека последната варијатна за соработка е ДУИ, посебно со ова раководство на ДУИ и се ќе направиме иднината Влада да биде без ДУИ и тука нема дилема, подвлече Мицкоски.

 

Тој нагласи и дека условувањето за ЕУ е бугарски диктат, а нема подобро од тоа, како што истакна, земјава да почне преговори со зачуван идентитет.

Нема да прифатиме ваков диктат. Сакаме процес за ЕУ што ќе почне и ќе заврши. Подготвени сме да разговараме за се, но имаме свои правила за овој народ и оваа држава, рече Мицкоски.

Во однос на преговори со ЕУ рече дека очигледно дека не само што не преговараме, туку сме многу далеку од преговори.

Можам да гарантирам дека со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема учебниците да стигнуваат за децата на крај од учебна година, туку пред да почне, можам да ветам дека нема пациенти да ни умираат по ходници затоа што не добиваат здравствена нега каква што заслужуваат, дека ќе имаме инфраструктурен бум и реализација на проекти какви што никога досега немало. Можам да ветам дека ќе имаме подобра економија од таа сега, дека ќе владее правото, дека ќе се бориме со криминал и корупција и дека ќе се борам да ги заштитам интересите на мојот народ и на Македонија. Кога се преговорите, ова се условите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сум подготвен да ги прифатам, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ако од другата страна има договор кој не почитува, тогаш ќе го почитува нашето чувство