Преговорите со коалициските партнери се во тек и се движат во одлична насока, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешниот настан во Царинската управа, одговорајќи на новинарско прашање до каде се преговорите со ЗНАМ и можноста за заеднички кандидати во некои општини на претстојните локални избори.
– Преговорите со политичките партии се во тек. Сите политички партии кои се дел од нашата внатрешна коалиција се приоритет и тие се во тек, се разговара. Очекувам коалицијата да биде потврдена, а потоа ќе продолжат преговорите со владините партнери. Во овој момент мислам дека се движат во одлична насока, рече Мицкоски.
Прашан дали се водат преговори за заеднички кандидати во Центар и Куманово, тој одговори дека кога ќе има повеќе детали ќе излезат во јавноста со информација.
Comments are closed for this post.