Нека овој втор круг биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста. Да покажеме дека народот разбира, посочува денеска преку објава на својот Фејсбук профил премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-И сега не зборувам како политичар, туку како човек што верува дека оваа земја може да биде нормална. Веруваме дека оваа земја заслужува подобро и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди и покрај сите предизвици да направи подобро. Идината започнува денес, не утре. Ние ја започнавме нашата иднина и нема назад, напиша Мицкоски.
Апелира граѓаните на вториот круг да изглегуваат и да гласаат гордо, достоинствено, мирно, со разум и со срце.
-Направете го вистинскиот избор. Изберете свој човек, изберете го своето место затоа што се бориме за вашата, за твојата иднина!, посочува Мицкоски







Comments are closed for this post.