Премиерот Христијан Мицкоски испрати силни пораки кон авторитетите во Брисел и неговите колеги во врска со евртоинтеграциите на Македонија и земјите од регионот на Западен Балкан. Во обраќање на конгресот на Европската Народна Партија во Валенсија Шпанија, Мицкоски нагласи дека политиките на владата која што ја предводи се во духот на европските вредност и владеењето на правото како движечка сила напред кон процесот на евроинтеграции.

Мицкоски сепак предупреди на двојните стандарди кон Македонија кои вели го подриваат кредибилитетот и и штетат на Унијата.

Ги повика колегите од најбројната политичка сила во Брисел и Европскиот парламент да се заложат ова да се промени