Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски пристигна во Кичево, каде се одржува главната прослава на победата на коалицијата предводена од владејачката партија на локалните избори.

– Гласавте за мене како човек – рече новиот градоначалник Александар Јовановски кој вети дека нема да прави никакви поделби.

– Окото е полно и душата е полна. Ние како Влада ќе сториме сѐ што можеме за проекти кои ќе значат за модерен живот на кичевци. Вечерва ќе се провеселиме, ќе се радуваме, а од утре ќе ги засукаме ракавите – му порача Мицкоски на Јовановски.

Потоа се осврна на противкандидатот од ДУИ.

– Кичево денеска се ослободи од човекот кој се богатеше врз грбот на кичевци. Кичево доби обединување – рече Мицкоски и се заблагодари на сите кои гласале за него.