Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот, на ТВ Сител, ги повика граѓаните на масовна излезност во недела и истакна дека на овие локални избори граѓаните имаат можност да изберат помеѓу две опции, едната понуда со која Македонија оди назад и другата понуда е опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со која се избира вистинскиот избор.
„Во суштина имаме две понуди една понуда кој не враќа назад во оние темни страни на македонската историја, оние 7 години кога граѓаните беа сведоци на сето она што се случуваше и овие 15 -16 месеци на оваа Влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и сето тоа кое го направи со сите тие предизвици кои ги имавме позади нас. Јас ги повикувам да излезат и масовно да гласаат бидејќи ако не излезат и ако не гласаат тогаш некој друг ќе профитира од сето тоа, граѓаните ќе се движат на бранот којшто некој ќе го креира. Затоа првично ги повикувам сите граѓани масовна да излезат и да гласаат по сопствено убедување. Да не биде дека јас сум претенциозен и дека го гледам својот партиски интерес, само излезете и гласајте по вашето сопствено убедување. Втората порака е да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали политички партии коишто практично се мала група која профитира на основа на гласот на граѓаните и трето убеден сум ако го слушаат разумот и срцето и длабоко во душата се фокусираат што им вели тогаш убеден сум дека во огромно мнозинство ќе гои заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“ кажа Мицкоски
Comments are closed for this post.