Министерката за култура, Ирена Стефоска, е во самоизолација откако било потврдено дека член од нејзиниот кабинет е позитивен на Ковид-19.
Таа вели дека ќе ги извршува работните обврски од дома.
Моите обврски ќе ги извршувам од дома сè до спроведување на Ковид тестот, чиј што термин се определува согласно здравствените протоколи. Целиот изминат период доследно ги почитувавме заштитните мерки. Јас, сите вработени и соработници кои влегуваат во Министерството носиме заштитна опрема и одржуваме соодветно растојание. Се надевам дека сите ќе останеме во добро здравје и дека набрзо ќе може да се вратиме на своите работни места. На оние кои се борат со Ковид-19 им посакувам побрзо опоравување, да останат силни и истрајни. Почитувајте ги мерките, се гледаме наскоро“, напиша Стефоска на „Фејсбук“.
Ве известувам дека член од мојот кабинет е позитивен на КОВИД 19 и согласно протоколите, од денес сум во самоизлоација….
Posted by Irena Stefoska on Wednesday, October 7, 2020
Comments are closed for this post.