Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше протест против, како што истакнаа членовите на партијата, незаконското трошење на европските пари наменети за образование и образовни проекти.
Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова, според пратеникот Антонио Милошоски потрошила на тренинзи на магариња, испробување на сирење и за проекти на нејзин пријател и неговото фризерско студио.
-Мислиме дека е многу неморално во вакво време на пандемија овие 500.000 евра да бидат вака потрошени. Тие пари требало да бидат потрошени за болниците во Струмица, во Битола и во Тетово за обука за персонал и за поддршка или во најмала рака овие пари да биле потрошени за компјутери за одеца кои не можат да ја следат наставата онлајн, изјави Милошоски.
Одговорноста, како што кажа, не е само кај Димова туку и кај тие што ја поставиле на таа функција Зоран Заев, како и кај, како што рече, нејзината пријателка Радмила Шекеринск
Comments are closed for this post.