Голема грешка e на Пендаровски што одбил понуда за членство во ЕЕЗ, коментира пратеникот Антонио Милошоски. Според него,ЕЕЗ нуди учество во единствениот слободен пазар, и ги нуди “четирите слободи” на движење на капитал, луѓе, стоки и услуги со ЕУ, плус со Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

 

 Пендаровски соопшти дека во ноември 2019 разговарале со Макрон за членството во ЕЕЗ.
Се поставува прашањето зошто Пендаровски не го соопштил ова во годишното обраќање пред Собранието? Зошто за оваа понуда не разговарал со стопанските комори, со министерството за финансии и зошто не отворил јавна расправа во општеството, согласно неговото предизборно ветување дека ќе работи за подобра економска перспектива на Македонија?
Претседателот Пендаровски немал право да одлучува сам, а уште помалку да одбие сам една ваква стратешки добра понуда за напредокот на Македонија