Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски го поддржа неговиот колега Влатко Ѓорчев во кандидатурата за претседател на државата. На Фејсбук Милошоски напиша дека на Конвенцијата во Струга Ѓорчев ќе гласа за Ѓорчев.
Најбитното за ваквата поддршка е тоа што со Ѓорчев споделуваме блиски гледишта за надворешно-политичките приоритети на Република Македонија (втемелени на македонско-американското стратешко партнерство што го потпишав во 2008 година, стратешкото партнерство со Турција, партнерските односи со државите членки на ЕУ и определбата за проактивна мултилатерална дипломатија во ОБСЕ, ОН и Советот на Европа), напиша меѓу другото Милошоски.
Comments are closed for this post.