Извори на весникот Лајм, информираат дека денеска во затворот Шутка се случил инцидент. Според нив, член на Кумановската група со иницијали Е.К. го претепал поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски.
Благодарение на интервенцијата на затворските власти, била спречена поголема несреќа.
Засега нема детали за тоа како дошло до контакт меѓу Е.К. и Миле Јанакиески, но велат дека инцидентот се случил во дворот на затворот. Официјално сè уште нема ниту потврда ниту демант за оваа информација.
Comments are closed for this post.