Мерка притвор од 30 дена им е определена на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, соопшти утринава Основниот суд.
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, за определување мерки за обезбедување присуство против М.Ј. и К.Б. опфатени во предметот со КОК бр. 7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, по ценење на фактите и доказите во предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 точка 1. од ЗКП односно – ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство“, се вели во соопштението на Кривичен суд.
Притворот за обвинетите во предметот „Титаник“ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е побаран затоа што во текот на вчерашниот ден Специјалното јавно обвинителство (СЈО) добило информации дека тие се подготвуваат да избегаат на ист начин како и поранешиот премиер Никола Груевски, појасни пред судот обвинителката на СЈО Лиле Стефанова.
Во текот на вчерашниот ден добивме информации дека не само што Груевски се дал во бегство, туку дека на ист начин се подготвуваат да избегаат и Јанакиески и Божиновски, наведе Стефанова.
Таа побара од судот на Груевски, кој е исто така е еден од обвинетите во овој предмет, да му се суди во отсуство.
Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.
Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил. Гриевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк“. По него е распишана меѓунардона потерница.
Comments are closed for this post.