Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вечерва од истражниот затвор „Скопје“ е спроведен во домашен притвор.
Ваквата мерка е извршена по одлука на Апелацискиот суд, а по разгледувањето на жалбата на одбраната.
Јанакиески беше во притвор откако беше уапсен на 28 јуни по налог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во истрагата „Шпански скали“, за незаконска продажба на државно земјиште, случајот за којшто е осомничен заедно со уште седум лица .
Comments are closed for this post.