Додека новата власт протестираше против претходната, приоритети беа правната држава, слободата, солидарноста, а сега истите ги променија, изјави долгогодишниот директор на Институтот Отворено општество, Владимир Милчин, во гостување во дебатна емисија на телевизијата Ал Џезира.
Спорд Милчин, огромен број луѓе, кои протестираа на улиците тогаш, сега се разочарани.
Тој смета дека наместо новата власт да ги исполни ветувањата од времето кога била опозиција, сега се соочуваме со корупцијата, клиентелизам и непотизам.
Милчин истакна дека има некои специфики кога станува збор за Македонија, со оглед дека пред многу кратко време државата го промени името во Република Северна Македонија, што предизвика жестоки реакции, иако постои консензус во земјата околу македонската перспектива во НАТО и ЕУ.
Comments are closed for this post.